text size
Во период во кој цените на храната секојдневно растат и поради геополитичките тензии се јавува недостиг од основните прехранбени производи, домашното земјоделско производство може да има клучно значење во напорите полесно да се пребродат ваквите кризни моменти. Од овој аспект, Македонија е на незавидно ниво со оглед на тоа што бележи пад на производството кај повеќе земјоделски култури и намалување на бројот на добиток.