text size
Најновите статистички податоци за автомобилскиот сектор во Европа покажуваат раздвижување во продажбата и позитива во месец септември за дури 9,6 отсто. По 13-месечниот пад во автомобилскиот сектор, ова е веќе втор месец по ред со раст на продажбата на нови возила. Но, инволвираните во секторот не очекуваат дека е можно до крајот на годината да се анулира наталожениот минус од претходно.