text size
Македонија се наоѓа пред своевидна совршена бура, вели аналитичарот Бранимир Јовановиќ од Виенски институт. Според него, економијата е погодена од четири фактори, инфлацијата, намалената доверба на потрошувачите и компаниите, поскапувањето на кредитите преку заострувањето на монетарната политика од страна на централната банка, како и енергетската криза.