text size
Инфлацијата во Северна Македонија излезе од контрола, а поради растот на трошоците се нагризуваат реалните приходи, стои во најновиот извештај на Виенскиот институт за интернационални економски студии (Wiiw) кој беше презентиран вчера попладне. Проекциите на Институтот се дека македонскиот брутодомашен производ (БДП) во 2023 година ќе порасне за 0,6 проценти што е најлош резултат меѓу петте земји од Адриа регионот. Имено за Хрватска се предвидува раст на БДП од 2,5 проценти, за Србија и Словенија, идентично, раст во 2023 година од 1,9 отсто, додека босанската економија се очекува да порасне за 1,5 проценти.