text size
Економско-социјалниот совет денеска ја одржа четвртата седница со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, а беа присутни вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министрите за финансии, информатичко општество и администрација, Фатмир Бесими и Адмирим Алити. На седницата присуствуваа и претставници на работодавачите, репрезентативните и нерепрезентативни претставници на синдикатите.