text size
Од следната година во Македoнија ќе биде воспоставен фискален совет. Од Министерството за финансии за „Блумберг Адрија“ потврдуваат дека ќе се формира ова независно тело, чија улога ќе биде клучна во финансиската консолидација на државата. Според законското решение уредено со Законот за буџети, фискалниот совет треба на независна, објективна и професионална основа да изработува анализи и мислења за макроекономските и фискалните претпоставки, користени за изработка на буџетот на државата и фискалната стратегија. Сепак, телото ќе се користи при измената и дополнувањето на буџетот, потоа подготовката на полугодишниот извештај за реализација на буџетот, на завршната сметка на буџетот и друга документација поднесена пред Собранието. Во овој текст анализираме и какви се плановите за финансирање на буџетскиот минус и таа фискална одржливост во следните години.