text size
Депозитната база ќе расте, а кредитирањето ќе се намалува, вели во изјава за Блумберг Адрија ТВ, универзитетскиот професор, Синиша Наумоски по вчерашното значајно зголемување на каматната стапка од страна на Народната банка на Македонија. Според него, тоа беше очекуван потег со оглед на стапката на инфлација во земјава.