text size
Глобализацијата и технолошкиот напредок ги направија компаниите и работниците низ светот подостапни од кога било. Миграцијата за подобро работно место стана секојдневие, особено за помладите генерации. Светот се соочува со недостиг од стручни работници во повеќе сфери, а фирмите сè поотворено се борат за таленти, нудејќи не само поголеми плати туку и низа други поволности, кои често се пресудни во одлуката на работникот за тоа каде ќе работи.