text size
Вест на денот во земјава во неделата беше пензионираниот лекар Абдулџелал Есати. Докторот е од тетовското село Теарце, специјалист анестезиолог, кој по 36 години медицинска практика морал да се пензионира - на хартија. Но не останал без работа ниту еден ден, си го опремил автомобилот како итна помош, а неговите сограѓани го бараат секогаш кога им треба помош. Тој вели дека екипите на итната помош често се на терен и не можат секогаш и секаде да стигнат навреме. Работи волонтерски и планира да формира и свој тим.