text size
Во ваква криза, во која се наоѓаме последователно, општините се во доста неповолна ситуација - им се зголемија обврските, се зголемија нивните долгови, мораа да ги зголемат субвенциите кон јавните претпријатија, нивните приходи се намалија, а со тоа и капацитетот да овозможат соодветни и навремени услови за граѓаните, вели Борче Треновски, професор на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, според кого особено е незавидна положбата на помалите и руралните општини.