text size
Цените на становите нема да се намалуваат, но ќе останат стабилни. Такви се очекувањата на Никола Велковски од Здружението на градежништво при Стопанската комора на Македонија (СКМ). Тој во гостување на телевизијата Блумберг Адрија вели дека по рекордниот раст на цените на недвижностите во 2022 година, не верува дека толку брзо ќе дојде до намалување на цените поради стабилно високите цени на материјалите што се користат во градежништвото.