text size
Македонија има највисока стапка на инфлација меѓу земјите од Западен Балкан. Во мај, во земјава Државниот завод за статистика измери 11.9 отсо раст на трошоците на живот за период од една година. Ова е највисока стапка на инфлација од осмостојувањето до денес. Повисоки стапки државава бележела на почетокот на деведесеттите години, тогаш тие биле троцифрени. Во поновата историја, највисока инфлација беше измерена во март 2008, нешто над 10 отсто, но по тој месец, таа почна да се намалува. Според експерите, сега инфлацијата зема замав со оглед на тоа дека цените драстично почнаа да растат минатата недела.