text size
Се продлабочува дефицитот во трговската размена на Македонија под влијание на енергетската криза, високата инфлација и војната во Украина. Иако во изминативе години имаше преструктурирање на извозот со отворањето на фабриките од автомобилската индустрија во слободните економски зони, се чини дека тоа не е доволно за да се решат проблемите на македонскиот извоз, кој со децении никако не може да го надмине увозот. Прашавме кои се главните причини за негативните трендови во трговската размена на Македонија и што треба да се направи за да се подобри состојбата.