Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари-април 2025 година, изнесува 160, 2 милијарди денари (2,6 милијарди евра) и бележи пад од 1,5 проценти во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-април 2025 година, изнесува 229,4 милијарди денари (3,7 милијарди евра), што е за 0,8 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и електричната енергија.
Прочитај повеќе

Извозот лани паднал за 6,6 отсто, извезени се за 540 милиони евра помалку стоки
Обемот на трговската размена лани се намалил за 3,3 отсто, а конкретно извозот паднал за 6,6 отсто, извозот за Германија се намалил за 568 милиони евра.
06.02.2025

Рекордни нивоа на трговската размена на ЕУ на земјоделски производи
Во октомври 2024 година извозот на земјоделски производи од ЕУ достигна вредност од 21,7 милијарди евра, а увозот 16,2 милијарди евра
25.01.2025

Пад на извозот од Македонија во Германија за 13,5 проценти
Според ДЗС, на годишно ниво за периодот од јануари до октомври, извозот во Германија е намален за 351,4 милион евра.
06.12.2024

Се прелева ли кризата? Извозот за Германија се намали за 380 милиони евра
Во септември стоковната размена со странство е намалена за девет отсто, а најголем е падот на извозот за Германија.
04.11.2024
Во периодот јануари-април 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина, кои учествуваат со 46,8 проценти во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 60,6 проценти во вкупната размена.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...