text size
Руската инвазија на Украина и нејзините економски последици доаѓаат токму во време кога фирмите од Западен Балкан се опоравуваа од шокот со КОВИД-19. Значителната поддршка на политиката за време на пандемијата помогна да се спречат банкроти од големи размери на Западен Балкан, при што само 3 проценти од фирмите поднесоа барање за несолвентност или трајно затворање. Ова се дел од наодите во извештајот „Бизнис отпорност на Западен Балкан во време на повторени шокови“ презентирана од главниот економист на ЕИБ, Дебора Револтела на Стратешкиот одбор за инвестициска рамка за Западен Балкан во Рим.