text size
Власта е убедена дека нема да дојде до генерален штрајк во Управата за јавни приходи и Царинската управа. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, досега нема официјална најава за гштрајкови во двете институции и тој смета дека ниту УЈП, ниту царинските службеници немаат намера да затворат гранични премини или да не исплатат плати. Верува дека ситуацијата ќе се надмине.