text size
Цените на становите во Скопје во вториот квартал од годинава бележат раст од 1,6 проценти на квартално и од 12,9 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците што денеска ги објави Народната банка. Станува збор за забавување на растот на цените на становите ако се земе предвид дека во првиот квартал од годинава, цените се зголемија за 18,8 проценти на годишно ниво.