text size
Голем интерес за граѓанската обврзница – македонските граѓани купија 23,5 милиони евра, што е двојно повеќе од понуденото во проспектот. Министерството за финансии имаше успешна операција за издавање на граѓанска обврзница, затоа што беше погоден моментот, смета универзитетскиот професор Трајко Славески, кој зборуваше за „Блумберг Адрија“. Тој посочува дека инфлацијата во Македонија е една од највисоките во регионот, а штедачите губат на своите заштеди од реалната вредност.