text size
Во август, вкупните депозити остварија месечно зголемување од 0,2 проценти, што во целост се објаснува со растот на депозитите на корпоративниот сектор, при пад на депозитите на домаќинствата, соопшти Народната банка. Годишниот раст изнесува 10,1 проценти, како резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.