text size
Министерството за економија го презентираше нацрт-инвестицискиот план за забрзана транзиција од јаглен, во кој се потенцира потребата за декарбонизација на економијата, како и за усогласување со меѓународните договори потпишани од страна на Македонија. Станува збор за договори кои се однесуваат на индивидуалниот придонес на секоја земја кон намалувањето на глобалните емисии на стакленички гасови, грижата за здравјето на граѓаните, но и економските придобивки од дополнителни заштеди, можноста за отворање на нови работни места, а со тоа и поголема активност и можност за учество во приватниот сектор.