text size
Од 1 јануари вработувањата во јавниот сектори и државната администрација ќе се реализираат без потребниот потпис од Министерството за финансии, што беше практика досега. Раководителите на државните буџетски институции сами ќе одлучуваат за новите вработувања во согласност со годишниот финансиски план и прегледот за вработувања. Во случај да се надмине планираниот буџет, одговорноста ќе падне врз министерот, посочи на денешниот брифинг со новинарите министерот за финансии Фатмир Бесими.