text size
Македонија полека ја губи својата клучна аграрна гранка. Во последната деценија се забележува драстично опаѓање на добиточниот фонд, особено кај овците, козите и говедата, кое е проследено и со намалување на бројот на фарми. Високите трошоци, климатските промени, конкуренцијата од увезените производи и ниските откупни цени се дел од предизвиците на македонските сточари. Еден од главните фактори што влијаат на моменталната состојба во сточарството е социоекономскиот аспект, кој се манифестира со намалување на руралната популација, а со тоа и на работната сила во сточарството. Миграцијата село-град, пак, не дава надеж дека во скоро време оваа состојба ќе се промени на подобро, велат експертите за „Блумберг Адрија“.