Народната банка информира дека во февруари годинава вкупните депозити бележат месечно зголемување од 0,3 проценти, што во целост се објаснува со растот на депозитите на секторот „домаќинства“, како и дека има намалување на депозитите на корпоративниот сектор. Анализирано на годишна ниво, кај вкупните депозити има раст од 9,3 проценти, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. Оттаму додаваат дека вкупните кредити, во февруари, се зголемиле за 0,9 проценти во споредба со минатиот месец, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор.
„На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 6,5 проценти, којшто произлегува од зголеменото кредитирање на двата сектора, со поизразен придонес на секторот ‚домаќинства‘“, велат од Народната банка.
Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во февруари бележат месечен пад од 2,6 проценти.
Прочитај повеќе

Компаниите и натаму гладни за кредити
Борејќи се со ликвидноста компаниите немаат голем избор освен да се задолжуваат
28.02.2024

Скапи кредити: Тешко до издишка за стопанството
Пазарите на капитал сега очекуваат дека Фед ќе ги намали каматните стапки подоцна одошто се очекуваше.
16.02.2024

Банките силно ги заостриле условите за обезбедување кај станбените кредити
Се очекува олеснување на условите за кредитирање на компаниите и населението во првиот квартал од 2024 година
15.02.2024

Побарувачката за кредити во еврозоната е на дното, се очекува закрепнување
Побарувачката за кредити во еврозоната најверојатно го допре дното по падот подолг од една година.
23.01.2024

Билансите на банките исчистени, лошите кредити стојат за наплата
Отписот на ненаплатливите побарувања ги „чисти“ билансите на банките.
25.01.2024

Раст на каматите на кредитите и депозитите во ноември
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во ноември е намалена за 0,17 п.п. на месечна основа, при годишен раст од 0,89 п.п. и изнесува 5,38 проценти.
28.12.2023
„Падот, во најголем дел се објаснува со намалените депозитни пари, а во помал дел и на краткорочните депозити, додека долгорочните депозити остварија раст. Во споредба со февруари претходната година, кај депозитите на корпоративниот сектор е забележан раст од 12,3 проценти, во поголем дел поради повисоките депозитни пари и краткорочните депозити во странска валута, при дополнително позитивно влијание и на останатите компоненти“, соопшти Народната банка.
Во февруари, кредитите на корпоративниот сектор оствариле месечно и годишно зголемување од 1,4 и 5,9 проценти, соодветно, во целост поради зголеменото кредитирање во денари, во услови на минимален пад на кредитите во странска валута. Истовремено, вкупните депозити на домаќинствата, во февруари, се зголемени за 1,7 проценти во однос на претходниот месец.
„Месечното зголемување во поголем дел е одраз на растот на депозитните пари и долгорочните депозити, при помал раст и на краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута се намалија. На годишна основа, растот изнесува 8,6 проценти и е резултат на зголемените долгорочни депозити и депозитните пари, додека краткорочните депозити остварија пад“, посочуваат од Народната банка.
Во февруари, кредитите на домаќинствата, бележат раст од 0,6 проценти споредено на месечно ниво, којшто во поголем дел се должи на зголемените кредити во денари, при раст и на кредитите во странска валута. Годишното зголемување од 7,2 проценти на кредитите на домаќинствата произлегува од повисокото кредитирање во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во странска валута.
Инаку, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во февруари, потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, бележат месечно и годишно зголемување од 0,7 и 6,3 проценти, соодветно.
„Овој месец, станбените кредити остварија месечен и годишен раст од 0,6 и 10,3 проценти, соодветно. Автомобилските кредити, во февруари се намалија за 2,1 проценти на месечна основа, при годишен раст од 10,6 проценти, додека кредитите одобрени на кредитни картички се пониски за 1,8 и 5,7 проценти на месечно и на годишно ниво, соодветно“, информираат од Народната банка.
Во февруари, кај негативните салда на тековните сметки е забележан месечен пад од 0,4 проценти, додека на годишна основа раст за 4,2 проценти.
„Кредитите одобрени врз други основи остварија месечно и годишно намалување од 2,3 и 21,5 проценти, соодветно“, велат од Народната банка.