text size
Текстилниот сектор е во паника пред претстојната зима. Трошоците за струја на некои од поголемите производители веќе им се покачени и за 400 отсто, а се плашат дека состојбата ќе се влоши во наредниот период. Маријана Перковска, претседателка на текстилниот кластер за Блумберг Адриа вели дека стравува од рестрикции кои според нејзе, се неминовни затоа што освен што струјата е скапа, ќе нема ни од каде да се купи.