Во март 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити забележа месечно и годишно намалување од 0,03 п.п. и 0,35 п.п., соодветно и изнесува 5,15 проценти, соопшти Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,18 проценти и оствари месечен пад од 0,01 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,38 процентни поени.
„Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во март, изнесува 4,26 проценти и оствари месечен и годишен пад од 0,37 п.п. и 0,72 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити е пониска на месечно и на годишно ниво за 0,17 п.п. и 0,22 п.п., соодветно и изнесува 2,24 проценти“, информираат од Народната банка.
Корпоративен сектор
Прочитај повеќе

Малите компании најзаинтересирани за парите од унгарскиот кредит
Почнува постапката за распределба на втората транша на парите од унгарскиот кредит.
01.04.2025

Конкуренцијата притиска: Банките во трка по клиенти
Откако Народната банка почна да ја олабавува монетарната политика во септември 2024 година, деловните банки следствено почнаа да ги намалуваат каматните стапки за кредитите.
07.03.2025

Паѓаат каматите на кредитите, растат на депозитите
Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,18 проценти и е зголемена за 0,01 п.п. и 0,46 п.п., на месечна и на годишна основа, соодветно.
28.02.2025

Од шупливо во празно за враќање на кредитот за неизградениот автопат Кичево-Охрид
Во неколку наврати наместо ЈПДП, ратите кон кинеската банка ги плаќа Министерството за финансии.
28.02.2025

Анкета: Што ги тера македонските компании и граѓани засилено да бараат кредити?
Анкетата на Народната банка укажува дека во четвртиот квартал од минатата година има нетоолеснување на вкупните услови за одобрување корпоративни кредити, но послабо во споредба со претходниот квартал.
17.02.2025

Македонија има голем потенцијал за развој и пазарот за брзи кредити допрва ќе расте
Уделот на микрофинансирањето во финансискиот сектор изнесува само 1,1 отсто, па затоа друштвата за брзи кредити гледаат голем потенцијал за раст.
04.02.2025
Во март просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,77 проценти и е пониска за 0,05 п.п. на месечно ниво. Притоа, месечната промена произлегува од падот на каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,14 п.п. и 0,04 п.п., соодветно) и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,03 п.п.). Во споредба со март претходната година, оваа каматна стапка е пониска за 0,58 п.п.
Во март, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,95 проценти и на месечна основа се намали за 0,50 п.п. Падот е резултат на пониските каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,58 п.п.), во услови на остварен раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,22 п.п. и 0,18 п.п., соодветно). На годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,78 п.п.
Овој месец, кај просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор е забележан месечен пад од 0,06 п.п. и изнесува 2,65 проценти. Анализирано по валута, надолната промена е одраз на намалените каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,21 п.п.) и на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула(за 0,03 п.п.), додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула остварија раст од 0,25 п.п. Споредено на годишна основа, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор бележи раст од 0,53 п.п.
„Во март, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор изнесува 2,14 проценти и е намалена за 0,35 п.п. на месечна основа. Месечниот пад е резултат на намалувањето на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,83 п.п.) и на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,22 п.п). Овој месец, банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. На годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,38 п.п.“, соопшти НБМ.
Домаќинства
Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во март изнесува 5,51 проценти и оствари месечно намалување од 0,02 п.п. Падот на месечна основа се должи на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,01 п.п., соодветно), при непроменети каматни стапки на кредитите во странска валута. На годишно ниво, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,14 п.п.
Во март, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата бележи пад од 0,12 п.п. и изнесува 4,69 проценти. Промената е резултат на падот на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,35 п.п.) и каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,13 п.п. и 0,05 п.п., соодветно). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е намалена за 0,71 п.п.
„Овој месец, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е непроменета во однос на претходниот месец и изнесува 2,12 проценти. На годишна основа, оваа каматна стапка бележи раст од 0,36 п.п. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата во март изнесува 2,28 проценти и бележи месечно намалување од 0,10 п.п.“, наведуваат од Народната банка.
Оттаму објаснуваат дека надолната промена се должи на намалувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,12 п.п.) и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,09 п.п.).
„Овој месец банките и штедилниците не евидентирале новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Споредено на годишно ниво, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е пониска за 0,14 п.п.“, соопшти НБМ.