Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 проценти во однос на одлуката од 16.06.2025 година.
Оттаму информира дека од полноќ малопродажните цени на еуродизелот (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден по литар, а се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС за 1,149 денари по килограм. Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 не се менуваат.
Согласно одлуката, од 20.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат 76 денари за литар моторен бензин еуросупер БС - 95, 78 денари за литар моторен бензин еуросупер БС – 98, 70 денари за литар еуродизел (Д-Е V), 70 денари за литар екстра лесно масло за горење 1 (ЕЛ-1) и 40,928 денари за килограм мазут М-1 НС.
Прочитај повеќе

Цената на нафтата се ниша, инвеститорите го следат планот на Трамп за конфликтот со Иран
Брентот беше близу 77 долари за барел откако затвори маргинално повисоко во средата, а Вест Тексас Интермедиет беше над 75 долари.
пред 11 час

Вклучен црвен аларм: Македонските бизниси стравуваат од војната меѓу Израел и Иран
Македонија веќе почна да ги чувствува последиците на воениот конфликт Израел-Иран, горивата поскапеа.
пред 14 часа

Какви се прогнозите за цените на нафтата? Ги прашавме аналитичарите
Цените на нафтата се зголемија за дури седум проценти во петокот по нападите врз Иран, третиот најголем производител на течно злато во картелот ОПЕК.
18.06.2025

Ќе стане ли поскапата нафта „алиби“ за вжештување на инфлацијата?
Потресите на Блискиот Исток посредно дефинитивно се чувствуваат и во Македонија.
18.06.2025
„Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,305 проценти, кај дизелот за 8,111 проценти, кај екстра лесното масло за 7,554 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 5,146 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,8039 проценти“, соопшти РКЕ.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, денеска во утринската емисија на МТВ рече дека станува збор за вонредна одлука како резултат на шокот од иранско-израелскиот конфликт.
„Ова е прва недела, сега ќе биде првиот удар, денеска носиме вонредна одлука, дизелот и екстра лесното гориво ќе поскапуваат за 2,5 денари“, рече Бислимовски.
Тој изјави дека конфликтот освен што влијае на цената на суровата нафта, овој пат делува и на цената на природниот гас.
„Цената на природниот гас е за 20 проценти повисока минатата недела, а тоа најмногу ме загрижува, затоа што со тоа е поврзана цената на електрична енергија. Има нагорни придвижувања и на фјучерсите за третиот и четвртиот квартал во 2025, а кај фјучерсите за струја има зголемување за околу 3,5 проценти што засега не е некоја голема промена“, рече Бислимовски.
Тој потсети дека од 2022 државата со законски измени има систематски механизам со кој се намалува акцизата ако има раст на цената на горивата.
„По она што го гледам, нафтата ќе оди меѓу 90 и 100 долари и тоа ќе предизвика пораст и на крајните цени на нафтените деривати, не само во Македонија, туку и во останатите земји“, рече Бислимовски.
Тој укажа дека пред три години поради руско-украинскиот конфликт цената на мало на бензинот достигна 110 денари по литар.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...