text size
Увозот на стоки во Македонија веќе подолг период го јаде извозот и тоа негативно се одразува на македонскиот платен биланс бидејќи минусот во трговската размена со странство го зголемува дефицитот на тековната сметка, покажуваат новите податоци на Народната банка. Од друга страна, зголемениот прилив на пари од иселениците односно дознаките кои се класифицирани како секундарен доход има позитивно влијание и спречува продлабочување на дупката во платниот биланс.