Македонските банки очекуваат засилено нето-олеснување на кредитните услови, при поумерено нето-зголемување на побарувачката на кредити од страна на домаќинствата во третиот квартал од 2025 година, покажува најновата анкета за кредитна активност на Народната банка. Резултатите од анкетата покажуваат дека во вториот квартал од годинава веќе имало нето-олеснување на кредитните услови на домаќинствата, поумерено во споредба со претходниот квартал и дека имало нето-зголемување на побарувачката на вкупните кредити на домаќинствата, речиси исто како во претходниот квартал.
При анализа на поединечните кредитни услови во вториот квартал се забележува нето олеснување на кредитирањето и кај станбените и кај потрошувачките кредити. Кај станбените кредити, банките одговориле дека каматните стапки, каматната маргина (распон меѓу вкупната активна каматна стапка и каматната стапка на благајничките записи), обврските за обезбедување, покриеноста на кредитот со обезбедување и провизиите придонесуваат за нето-олеснување на условите за кредитирање, додека условите за кредитирање кај достасувањето на заемите се непроменети, исто како и во претходната анкета.
„Кај потрошувачките кредити, во овој квартал се бележи малку послабо олеснување на условите за кредитирање кај каматната стапка на кредитите и каматната маргина, а засилено кај некаматните приходи, при непроменетост на обврските за обезбедување и достасувањето на заемите“, наведуваат од Народната банка.
Прочитај повеќе

Секој Македонец во просек чува по 3.700 евра во банка, а должи по 2.400
Растат и депозитите и кредитите во македонските банки, покажува извештајот на Народната банка за јуни.
21.07.2025

Банките како агенции за недвижности: на продажба станови, куќи, винарници
На крајот на 2024 година вкупната нето-вредност на преземените средства од страна на банките изнесувала безмалку осум милиони евра.
10.07.2025

Пад на каматите на кредитите, раст кај депозитите
Просечната каматна стапка на вкупните кредити оствари месечно и годишно намалување од 0,05 п.п. и 0,43 п.п., соодветно и изнесува 5,06 проценти.
01.07.2025

Пад на добивката кај повеќето банки од берзата: Како им оди на другите сектори?
Единствени две банки од берзата што забележаа зголемување на добивката во првото полугодие од годинава се „УНИ банка“ и „Комерцијална банка“.
07.08.2025

Во однос на факторите коишто предизвикуваат промена на условите за одобрување кредити на домаќинствата, банките укажуваат дека „конкуренцијата од другите банки“ заедно со „конкуренцијата од небанкарскиот сектор“ се главните фактори коишто придонесуваат за нето-олеснување на кредитните услови кај станбените и кај потрошувачките кредити. „Трошоците на финансиските средства и ограничувањата на билансот на состојба“ придонесуваат за поумерено нето-олеснување на условите кај станбените кредити, наспроти нето-заострувањето кај потрошувачките кредити. Факторите од групата „согледување на ризикот“, односно очекувањата за вкупната економска активност придонесуваат за нето-олеснување на условите за кредитирање кај станбените и кај потрошувачките кредити.
Исто така, во рамките на оваа група, факторот за перспективите на пазарот за станбена изградба, вклучително и очекуваната промена кај цените на становите, придонесува за нето-олеснување на условите за одобрување на станбените кредити, иако поумерено во споредба со претходниот квартал. Различен придонес имаат факторите „ризик од неизвршување на обезбедувањето“ и „толеранција на ризик“, коишто кај станбените кредити придонесуваат за нето-заострување на кредитните услови, додека пак кај потрошувачките кредити придонесуваат за нето-олеснување на условите за кредитирање. Единствено факторот „кредитна способност на потрошувачите“ придонесува за нето-заострување на кредитните услови и кај двата вида кредити (станбени и потрошувачки), слично како во анкетата од претходниот квартал.
Кога станува збор за компаниите, во вториот квартал од годинава банките забележуваат нето-олеснувањето на кредитните услови, но поумерено во споредба со претходниот квартал. и нето-зголемување на побарувачката на корпоративните кредити коешто е послабо во споредба со претходниот квартал. Во однос на третиот квартал од 2025 година, банките очекуваат незначително нето-олеснување на кредитните услови и умерено нето-зголемување на побарувачката на корпоративните кредити.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...