Советот на Народната банка ги промени правилата за задолжителната резерва на банките, со која дополнително се зајакнува улогата на овој инструмент во поттикнување на штедењето во домашна валута и на подолги рокови. Од НБМ велат дека овие промени претставуваат и дополнителна поддршка на монетарната политика на централната банка.
„Со измените и дополнувањата на одлуката за задолжителна резерва се зголемува стапката на задолжителната резерва на девизните обврски со рочност до две години од 21 на 22 проценти, додека за девизните обврски со рочност над две години банките ќе имаат обврска да издвојуваат задолжителна резерва по двојно повисока стапка, од досегашните 5 на 10 проценти. Истовремено се зголемува и процентот на исполнување на пресметаната обврска за задолжителната резерва врз основа на девизните обврски којашто се исполнува во евра, од 85 на 90 проценти“, соопшти централната банка.
Оттаму додваат дека стапката на издвојување на задолжителната резерва на обврските во домашна валута е зголемена од 8 на 9 проценти.
Прочитај повеќе

Зелените кредити во Македонија првпат надминаа половина милијарда евра
Македонските банки на крајот на јуни годинава имале издадено зелени кредити во вкупна вредност од 507 милиони евра.
пред 11 час

Анкета на НБРМ: Се очекува засилено олеснување на кредитните услови за населението
Резултатите од анкетата покажуваат дека во вториот квартал од годинава веќе имало нето-олеснување на кредитните услови на домаќинствата.
15.08.2025

Народната банка ги задржа каматите, инфлацијата е забрзана
Со оваа одлука се задржува внимателниот пристап при водењето на монетарната политика, велат од НБРМ.
30.07.2025
„Со цел поддршка на долгорочното денарско штедење и натамошно зголемување на стабилноста на депозитната база на банките, промените предвидуваат и нормализирање на стапката на задолжителната резерва којашто се применува на денарските депозити на физичките лица со рочност над една до две години, од тековната стапка од 0 на 9 проценти“, наведуваат од НБМ.
Најголемиот дел од мерките ќе се применуваат од периодот на задолжителната резерва којшто започнува во ноември 2025 година, освен кај нормализацијата на стапката на задолжителната резерва на денарските обврски со рочност над една до две години, за која е предвидена одложена примена од околу 14 месеци и можност банките соодветно да ги приспособат своите практики во овој период.
„Се очекува промените во системот за задолжителната резерва да придонесат за приспособување на каматните политики на банките заради зголемување на понудата на попривлечни долгорочни денарски инструменти за штедење на клиентите. Со тоа, дополнително ќе се зајакнат тековните поволни поместувања во депозитната база на банките, коишто водат кон зголемување на структурното учество на штедењето во денари и на подолг рок“, велат од централната банка.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...