Данокот на додадена вредност (ДДВ) за прв промет со новоизградени станови ќе остане пет отсто, информира министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Измените за законот со кои ќе се продолжи важењето на мерката се веќе во процедура.
„Пред еден месец го изнесовме нашиот став, но беше потребно да се извршат дополнителни анализи и пазарни испитувања, не само во Македонија, туку и споредбено со другите земји. Врз основа на тие резултати, предложивме стапката од 5 отсто да остане и натаму. Исто така ние сме во постапка на измена и дополнувања на целиот Закон за ДДВ каде што ќе предложиме одредени модалитети кои ќе се применуваат во иднина “, истакна министерката во интервјуто за емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24.
Таа потенцира дека во моментот не постојат услови за примена на повисока стапка, особено имајќи предвид дека дел од граѓаните веќе имаат платено авансни средства додека објектите се во градба.
Прочитај повеќе
За стан во Центар, куќа со базен во Бардовци, но растат цените и на плацовите
Според податоците на Катастарот, најскапиот стан во третиот квартал од оваа година е продаден во општината Центар, за 91 квадратен метар купувачот платил 280.000 евра. За слична сума, според огласите за продажба на недвижности, во скопско Бардовци се продава куќа од 270 квадрати, со 600 квадрати двор и со базен.
06.11.2025
Квадрат во Центар надмина 3000 евра, забрзува продажбата на станови
Најскапиот стан во третиот квартал од оваа година е продаден во скопски Центар. Купувачот за 91 метар квадратен платил 280.000 евра или 189.231 денари (над 3.000 евра), покажуваат денеска објавените податоците од Агенцијата за катастар на недвижности.
21.10.2025
Од каде толку многу кеш на пазарот на недвижности во Македонија и регионот Адрија?
Речиси во сите земји од регионот Адрија (Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и БиХ) купувањето станови и куќи во готовина е секојдневие.
22.10.2025
Цените на становите растат најбрзо во последните 25 години – можно ли е прегревање на пазарот?
До крајот на овој месец Министерството за финансии ќе го достави предлог-буџетот за следната година до Владата и дотогаш ќе се знае дали ќе има промени во стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ) за становите.
17.10.2025
Нов рекорд: Становите поскапеа за над 25 отсто во третиот квартал
Продолжува растот на цените на становите во земјава. Во третиот квартал, според податоците на Народната банка, недвижностите поскапеле за 25,1 отсто. На месечна основа изнесува 4 отсто.
04.10.2025
Парадокс или глад за профит: Паѓаат трошоците на градежниците, цените на становите растат
Вкупните трошоци за изградба на нови станбени згради во 2024 година опаднаа за 7,2 проценти на годишна основа, покажуваат податоците на Народната банка.
01.10.2025
Како може Владата да им помогне на младите да купат прв стан
Најдоцна до ноември ќе се знае што ќе се случува со данокот на додадена вредност за становите. Министерството за финансии ги почна анализите на пазарот за да се утврди дали стапката ќе остане пет отсто или ќе се искачи на 18 отсто.
19.09.2025
„За да не биде оштетен ниту еден граѓанин, потребна е целосна и јасно утврдена постапка. Сега во моментот нема можност за такво нешто и затоа предложивме да продолжи да важи тој член кој вели дека повластената стапка од 5 отсто ќе остане и понатаму“, појасни Димитриеска-Кочоска.
ДДВ за станови во регионот
„Блумберг Адрија“ во повеќе наврати пишуваше дека стапката на ДДВ за станови во сите земји од регионот е повисока отколку во Македонија, но таму постојат олеснувања за младите кои прв пат купуваат стан.
Во Србија ДДВ за купување стан изнесува 10 проценти, граѓаните што првпат купуваат имаат право на поврат на целата сума. Прв услов што треба да го исполнува купувачот е да не е сопственик или косопственик на недвижност почнувајќи од 1 јули 2006 година до денот на потпишувањето на договорот за купопродажба.
Повратот на ДДВ е ограничен на површина од 40 квадратни метри за самиот купувач, додека дополнителни 15 квадрати се дозволени за членовите на неговото семејно домаќинство (доколку и тие немаат стан во сопственост). Така, на пример, четиричлено семејство може да оствари поврат на ДДВ за стан со површина до 85 квадратни метри.
Повратот на ДДВ не се добива автоматски. Потребно е да се поднесе барање до Управата за јавни приходи со придружна документација, Управата е должна во рок од 30 дена од поднесувањето на барањето да донесе решение за рефундација, а исплатата на повратот се врши најдоцна во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението.
Правото на поврат на ДДВ важи и за корисниците на актуелната државна програма наменета за млади, која овозможува купување прва недвижност со субвенција од државата и учество од само еден процент.
Во Босна и Херцеговина стапката на ДДВ при купување недвижности во моментов изнесува 17 отсто, а во тек се законски измени што ќе овозможат поврат на ДДВ при купување на првата недвижност.
Законските измени се по примерот на Србија. Купувачот мора да докаже дека не поседува никаков имот во своја сопственост од 2006 година наваму. Повратот важи за стан од 40 квадрати за самци и уште за дополнителни 15 квадрати по член на домаќинство.
Во Хрватска купувачот на прв стан може да добие назад 50 отсто од платениот ДДВ, а стапката на овој данок е повисока, 25 отсто.
Мерката важи за лица до 45 години, а по купувањето тие мора да живеат во недвижноста најмалку пет години, во спротивно ќе треба да ѝ ги вратат парите на државата.
Максималната големина на недвижноста исто така е утврдена. Поврат на 50 отсто од ДДВ се добива за стан меѓу 50 и 75 квадрати, а за куќа до 112,5 квадрати.
Во Словенија има две стапки за ДДВ во зависност од големината на недвижноста. За станови до 120 квадрати и куќи до 250 квадрати се плаќа данок во висина од 9,5 отсто, за поголемите објекти даночната стапка изнесува 22 отсто.
Купувачите на прва недвижност во оваа земја се ослободени и од обврската за плаќање данок на имот во траење од 10 години.
Цените експлодираа
Во третиот квартал од оваа година, според пресметките на НБРМ, цената на недвижностите во земјава се зголеми за 25,1 отсто, што е историски највисок раст. Претходно, во последните две и пол децении, сличен раст од над 24 отсто беше забележан во 2008 година, по што следуваше период на пад на цените.
Најскапиот стан во третиот квартал од оваа година е продаден во скопски Центар. Купувачот за 91 метар квадратен платил 280.000 евра или 189.231 денари (над 3.000 евра), покажуваат податоците од Агенцијата за катастар на недвижности.
Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од јули до септември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се продажби на 845 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 169 станови повеќе од вториот квартал во 2025 година.
Најатрактивните општини според Регистарот на цени и закупнини остануваат скопските каде и во третиот квартал се евидентирани најмногу продажби. Во општина Аеродром се продадени 275 станови, во Центар се продадени 236 станови, 133 во Чаир, 121 во Гази Баба, 114 во Кисела Вода, 103 во Карпош...
Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 26.463 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности.