text size
Голем број студенти имаа ретка можност да слушнат како преку долгорочно инвестирање во акции и други финансиски инструменти може да обезбедат поголема финансиска стабилност во иднината и да разберат колку е важно правилно да се управува со личните финансии во рамките на настанот „Од џепарлак до портфолио“ што неодамна се одржа на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. Настанот го организираа „Блумберг Адрија“, Македонската берза и Економскиот факултет при УКИМ, а беше поддржан од „Шпаркасе банка“.