Врз основа на финансискиот резултат утврден за 2025 година, Управниот одбор на „Комерцијална банка“ планира до Надзорниот одбор, а соодветно и до Собранието на акционери, да достави предлог одлука за распоредување на добивката со која ќе се исплати бруто-дивиденда во вкупен износ од 3,07 милијарди денари (50 милиони евра).
Истовремено, ќе биде доставена и предлог одлука за определување на износот на дивиденда за 2025 година со која за една обична акција ќе се предложи бруто-износ од 1.350 денари.
„Предложениот бруто износ од 1.350 денари за 2025 година е за осум проценти повисок во однос на дивидендата за 2024 година“, соопшти банката.
Прочитај повеќе
„Комерцијална банка“ лани оствари добивка од 82,5 милиони евра
Заголемување за 3,1 проценти во однос на претходната година.
пред 18 часа
Кои се најуспешните банкарски акции во Македонија?
И покрај импресивните приноси од 2023 до 2025 година, акциите на македонските банки бележат побавен раст во 2025 година, иако сè уште го надминуваат индексот МБИ10, кој порасна за еден процент.
19.11.2025
Нема зима за македонските блучипови: Над 237 милиони евра профит за девет месеци
Најголем удел во вкупната добивка на македонските блучипови имаат банките.
05.11.2025
„Блумберг Адрија“ во четвртокот објави дека „Комерцијална банка“ оствари добивка од 82,5 милиони евра за 2025 година, што е зголемување за 3,1 проценти во однос на претходната година.