text size
Во време на геополитичка неизвесност, висока инфлација и зголемена недоверба во дигиталната безбедност, старата банкарска услуга – закуп на сеф – повторно се враќа во фокусот на клиентите во Македонија. Иако со децении важеше за услуга резервирана за мал круг клиенти, денес сè почесто се користи од граѓани што сакаат физички да ги заштитат своите највредни предмети: готовина, накит, злато, важни документи, тестаменти, па дури и дигитални носачи со чувствителни податоци.