text size
Во текот на 2025 година во Македонија биле увезени вкупно 60.459 патнички автомобили од кои 46.805 биле употребувани автомобили, а 13.654 биле нови автомобили. Податоците на Царинската управа покажуваат дека бројот на увезени употребувани автомобили лани е најголем во изминативе пет години.