Соединетите Американски Државии и Република Северна Македонија постигнаа Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија за зајакнување билатерални економски односи, што ќе им обезбеди на извозниците на двете земји проширен пристап до пазарите на другите, објави синоќа Бeлата куќа.
„Договорот ќе ги зајакне нашите трговски односи, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, ќе го промовира економскиот раст и ќе го продлабочи нашето трансатлантско партнерство“, се наведува во зaедничката изјава.
Клучните услови на Договорот ќе вклучуваат:
Прочитај повеќе
Трамп ги укина царините од 25 отсто за Индија поради купувањето руска нафта
По договорот меѓу Трамп и Моди, Вашингтон ги олеснува тарифите за индиски производи, додека Индија се обврзува на големи купувања од САД.
07.02.2026
Трамп се откажува од царините откако бил постигнат „рамковен“ договор за Гренланд
Одлуката, која Трамп ја објави во средата на социјалните медиуми, претставува сериозен пресврт за претседателот кој постојано се обидуваше да ја принуди Европа околу Гренланд.
22.01.2026
ЕУ е подготвена да го запре трговскиот договор со САД поради заканата на Трамп за нови царини
Пратениците на Европската унија се подготвени да го спречат одобрувањето на трговскиот договор на ЕУ со САД поради заканата на претседателот Доналд Трамп да воведе тарифи за земјите што го поддржаа Гренланд.
17.01.2026
Што ќе прави Трамп ако судот ги укине неговите царини?
Доколку судот ги поништи мерките, голем дел од царините од вториот мандат на Тамп би можеле да се намалат, што потенцијално би барало враќање на десетици милијарди долари...
10.01.2026
Повеќе од 1.000 компании го тужат Трамп поради царините
Судската битка околу царините на Трамп се прошири на повеќе од 1.000 компании, кои очекуваат со одлука на Врховниот суд поврат на милијарди долари.
08.01.2026
• Северна Македонија ќе ги укине царинските давачки за сите американски индустриски и земјоделски стоки извезени во Северна Македонија.
• Соединетите Американски Држави ќе ги одржат на 15 проценти реципрочните тарифи, како што е наведено во Извршната наредба 14257 од 2 април 2005 година, како што е изменета, за стоки со потекло од Северна Македонија, а исто така ќе ги идентификуваат производите од листата наведена во Анекс III на Извршната наредба 14346 од 5 септември 2025 година, Потенцијални прилагодувања на тарифите за усогласени партнери, како што е изменета, за да добијат реципрочна царинска стапка од нула проценти. Соединетите Американски Држави и Северна Македонија можат да разгледаат други модификации на тарифите по склучувањето на Договорот, земајќи ги предвид трговските биланси и други соодветни фактори.
• Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ќе работат на решавање на загриженоста на САД во врска со нетарифните бариери наметнати од Северна Македонија, кои влијаат на билатералната трговија во приоритетните области.
• Соединетите Американски Држави и Северна Македонија се обврзуваат да одржат консултации за решавање и спречување на бариерите за американските земјоделски производи на македонскиот пазар.
• Соединетите Американски Држави и Северна Македонија се обврзаа да ја зајакнат економската и националната безбедносна соработка за да ја подобрат отпорноста на синџирот на снабдување и иновациите преку комплементарни активности за справување со непазарни политики на други земји, како и за борба против избегнувањето на давачки и соработка во прегледите на инвестициите и контролата на извозот. Оваа обврска вклучува соработка за да се обезбеди дека меѓународните обврски за набавки ќе им користат само на оние земји кои ги презеле истите обврски.
• Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ја забележуваат својата намера да ги олеснат и подобрат трговските врски.
• Во врска со можностите во енергетскиот сектор, Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ја земаат предвид изградбата на важен нов гасен интерконектор помеѓу Северна Македонија и Грција, што ќе ѝ овозможи на Северна Македонија да ја подобри енергетската безбедност и да ги диверзифицира изворите на енергија, вклучително и преку купување на американски течен природен гас (LNG). Северна Македонија ќе започне со купување на американски LNG по завршувањето на новиот гасен интерконектор.
• Северна Македонија се обврзува да усвои и одржува високо ниво на заштита на животната средина и ефикасно да ги спроведува своите закони за животна средина.
• Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ќе разговараат за обврските за заштита и спроведување на интелектуалната сопственост, вклучително и за географските ознаки.
• Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ќе се ангажираат за решавање на прашања поврзани со трудот.
• Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ја препознаваат важноста на обврските со високи стандарди за дигитална трговија со цел да се поттикне отворена и конкурентна дигитална економија. Северна Македонија се обврза да не наметнува данок на дигитални услуги и да поддржи усвојување на траен мораториум на царински давачки за електронски преноси во Светската трговска организација (СТО).
• Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ја препознаваат важноста на олеснувањето на трговијата со услуги. Северна Македонија ја потврдува својата посветеност на Заедничката иницијатива на СТО за домашна регулатива за услуги.
„Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ќе работат на финализирање на Договорот, подготовка на Договорот за потпишување и преземање на домашни формалности пред стапувањето во сила на Договорот“, се наведува во соопштението од Белата куќа.