Нафтата од типот Брент денеска достигнува 85 долари за барел, што е убедлив рекорд во изминативе четири години. Воените дејствија во Иран и на Блискиот Исток и прекинот на транспортот на нафта низ Ормускиот теснец предизвикаа вртоглав раст на цените на енергентите на светските пазарите во изминативе два дена. Инвеститорите стравуваат дека продолжените воени дејствија можат да го нарушат редовното снабдување со нафта, со оглед на тоа што една петина од светските потреби од нафта доаѓаат токму преку Ормускиот теснец.
Стравот се прелеа и во нашата земја. На некои бензиските пумпи можат да се забележат редици од граѓани кои освен во автомобилите, полнат нафта и во пластични канти. Освен што се плашат од раст на цените, дел од нашите граѓани стравуваат и од можен недостиг од нафта во малопродажбата.
Сепак, од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини соопштија дека со посебно внимание ја следат состојбата со актуелната енергетска ситуација, особено во контекст на нафтените пазари и потенцијалните геополитички ризици. Оттаму велат дека државните нафтени резерви се стабилни и обезбедуваат сигурност на снабдувањето за граѓаните и стопанството.
Прочитај повеќе
Азиските рафинерии ја кратат преработката на нафта поради застојот во Ормускиот Теснец
Десетици танкери натоварени со нафта остануваат заглавени во Персискиот Залив, поради што азиските рафинерии се приморани кон намалување на капацитетите.
пред 5 часа
Европската економија може да издржи ако војната со Иран заврши за еден месец
Европа е најизложената голема економија на енергетски шок од војната со Иран, а исходот ќе зависи од тоа колку ќе трае конфликтот.
пред 7 часа
Нападот врз Иран ги погоди и берзите во регионот
Регионалните пазари на капитал забележаа негативни реакции, следејќи го трендот на опаѓање присутен и на глобалните берзи.
пред 19 часа
ББА коментар: Како нафтениот шок ќе се прелее во Македонија и регионот?
Капацитетот на Иран и неговите сојузници да ги нарушат морските текови, енергетските постројки и ЛНГ рутите го зголемува ризикот на пазарот и ги поттикнува инвеститорите да вградат дополнителна геополитичка премија во цените.
пред 8 часа
Драматичниот раст на цените на енергентите го зголемува стравот од инфлација
Вчерашната слика од глобалните пазари потсетува на периодот од пред точно четири години кога Русија ја започна војната во Украина. Растот на цените на енергентите тогаш доведе до енергетска криза, која прерасна во инфлациска криза, најголема во последните 40 години.
пред 8 часа
„Во рамки на своите надлежности, Министерството ја информира јавноста дека Агенцијата за задолжителни нафтени резерви постојано ги следи и одржува државните резерви на нафта и нафтени деривати, обезбедувајќи сигурност на снабдувањето, стабилност на пазарот и подготвеност за навремена реакција во случај на какво било нарушување на увозот или снабдувањето“, наведоа од Министерството.
Како што веќе објавивме, поради растечката цена на нафтата на светските берзи од полноќ имаше промена на цената на горивата во земјава. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, се зголемија за 1,00 денар за литар и се продаваат по 74,50 односно 76,50 денари за литар, соодветно. Малопродажната цена на дизелот не беше сменета односно остана 71,00 денар за литар.
Доколку цената на нафтата продолжи да расте на светските берзи, може да се очекува деновиве повторно да има ново позначително зголемување на цените на нафтените деривати во Македонија.
Од Регулаторната комисија за енергетика вчера објаснија дека во 2022 година, по почетокот на војната во Украина, е воспоставен механизам со кој се прават секојдневно пресметки и се утврдува дали се создадени услови за донесување на одлука за утврдување на највисоките малопродажни цени за одделни нафтени деривати.
„РКЕ носи вонредни одлуки секој пат кога пресметките покажуваат дека во крајната малопродажна цена ќе има зголемување или намалување од најмалку 2,00 денари за литар за бензините, дизел горивата и за екстра лесно гориво. Додека за мазутот одлуки се носат секој пат кога пресметките покажуваат дека во крајната малопродажна цена ќе има зголемување или намалување од најмалку 1,00 денар за литар“, објаснуваат од РКЕ.
Со ваквиот пристап се обезбедува сигурност, стабилност и предвидливост на пазарот со нафтените деривати, а се со единствена цел да се заштитат потрошувачите од големи ценовни осцилации, велат од Комисијата.