text size
Владата подготвува измени и дополнувањата на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување со кои се воведуваат различни инвестициски портфолија во доброволните пензиски фондови зависно од животниот циклус на членовите. Со предлог-законот се предлага воспоставување на три вида на портфолија во рамки на задолжителните пензиски фондови: растечко, балансирано и конзервативно портфолио – кои претставуваат посебни делови на доброволниот пензиски фонд и се разликуваат согласно нивото на инвестиционен ризик и структурата на вложувања.