text size
Турската инфлација расте веќе седумнаесетти месец по ред, доведувајќи ги цените на храната и енергијата веројатно до својот врв во последните две децении, време на власт на претседателот Реџеп Таим Ердоган. Потрошувачките цени пораснаа за 85,5 проценти во текот на минатиот месец, споредено со ланскиот октомври, покажуваат денеска објавените податоци. Тоа е малку пониско од прогнозата на аналитичарите кои ги анкетираше Блумберг.