text size
Се враќа ли пандемијата на ковид на голема врата во пресрет на зимските месеци е прашање што заслужува сериозно внимание, откако Кина неодамна соопшти дека дневните зарази со ковид надминале 30.000 случаи. Борејќи се да спречат ново ширење на болеста, кинеските власти вратија дел од непопуларните ограничувања низ најважните градови во земјата. Новите мерки предизвикаа масовни протести во одредени делови на Кина, што е вистинска реткост во оваа земја.