Свет

Петров: ФЕД ќе ги зголеми каматите, за септември сите опции се отворени

Извор: Блумберг Адрија

26 јули 2023, 08:22

Аналитичкиот тим очекува ФЕД да ги зголеми каматите денеска за 25 базични поени

Базичната инфлација е на ниво од 4,8 отсто во јуни

Пазарот на трудот во САД е отпорен и ѝ пркоси на монетарната политика

Петров: ФЕД ќе ги зголеми каматите, за септември сите опции се отворени

Bloomberg

Федералните резерви на САД (ФЕД) ќе ги зголемат каматните стапки на денешната седница за 25 базични поени односно на опсег од 5,25 до 5,5 проценти, очекува аналитичкиот тим на „Блумберг Адрија“.

„Сегашната дебата е всушност дали ова е конечното зголемување. Иако пазарите моментално така гледаат на тоа, целокупната слика не е многу јасна, има сигнали и за и против понатамошни рестриктивни чекори“, вели Марина Петров, сениор аналитичарка за пазари во „Блумберг Адрија“. „Секако дека има доволно време подобро да се разгледаат трендовите до следната, септемвриска одлука, така што не очекуваме претставниците на ФЕД да дадат премногу јасни сигнали за понатамошните чекори“, додава Петров.

Аналитичарите сметаат дека наративот на ФЕД ќе биде многу внимателен, неутрален, со рестриктивни индикации, за да останат стабилни инфлаторните очекувања, а можностите за следната седница остануваат отворени.

Пазарот на трудот е отпорен и ѝ пркоси на монетарната политика, а еден од сигналите во прилог на натамошната рестриктивност е пазарот на недвижности, кој повторно зема замав, што со одредено временско поместување ќе се одрази и на базичната инфлација (која секако е на ниво од 4,8 отсто во јуни, што е доста високо за целите на ФЕД).

„Она што е во прилог на тоа што рестриктивниот циклус може да заврши со овој јулски пораст се реалното забавување на продажбата на мало, дополнителното забавување на цените на производителите и послабото индустриско производство, што укажува на забавување на економијата до крајот на оваа година, а тоа ќе помогне за намалување на инфлацијата.

 

 

 

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите