Федералните резерви на САД (ФЕД) на денешниот состанок одлучија да ја задржат основната каматна стапка во опсег од пет до 5,25 отсто - што е прва ваква одлука за паузирање на покачувањето по повеќе од една година.
Причината за паузата е тоа што се чини дека инфлацијата конечно се намалува, а ФЕД сака да процени дали веќе ги покачи стапките на доволно високо ниво за да го заузда зголемувањето на цените.
Во услови на претходните податоци за висока инфлација, Федералниот комитет за отворен пазар ги зголеми каматните стапки 10 последователни пати помеѓу март 2022 и мај 2023 година.
Прочитај повеќе
Кнез: Прекинот на покачувањето на каматите може да му се удри од глава на ФЕД
Ако се случи изненадување во проекциите на членовите на ФЕД, тоа ќе предизвика позначајни движења на пазарот во наредните денови.
14.06.2023
Инфлацијата во САД забавува, ФЕД може да одмори
Инфлацијата во САД забави во мај, што е важен аргумент за функционерите на Федералните резерви (ФЕД).
13.06.2023
ФЕД ќе има лесна задача по извештајот за инфлацијата
Падот на цените на енергијата во мај би требало да надомести за добивките во другите категории.
13.06.2023
ФЕД подготвен за пауза, ЕЦБ и натаму ќе затегнува
Инфлацијата и натаму е над посакуваната цел на централните банкари.
11.06.2023
Но, во вторникот, Бирото за статистика на трудот објави дека 12-месечната стапка на инфлација паднала на 4 отсто - што е најниско ниво во повеќе од две години.
Влијанието на повисоките каматни стапки беше големо и предизвика стапките на заеми низ економијата, од кредитни картички до корпоративно кредитирање, да ги достигнат највисоките нивоа во последните децении.
Со тоа што го поскапи задолжувањето и инвестирањето, ФЕД работи на забавување на вкупната побарувачка во економијата и на тој начин намалување на нагорниот притисок на цените.
Инфлацијата навистина се намалува - од највисоката годишна стапка од повеќе од 9 отсто минатиот јуни до 4 отсто во мај.
Но, тоа е сепак повисоко од целта на Федералните резерви од 2 отсто, па иако централната банка на овој состанок реши да направи пауза во зголемувањето на каматните стапки, им порача на бизнисите и на потрошувачите оти најверојатно е дека претстојат уште покачувања.
„Задржувањето на стапките на ова ниво му овозможува на Комитетот да ги процени дополнителните информации и нивните импликации врз монетарната политика“, се вели во соопштението објавено во Вашингтон во средата од страна на Федералниот комитет за отворен пазар.
„Речиси сите учесници на Комитетот очекуваат дека ќе биде соодветно да се зголемат каматните стапки уште малку до крајот на годината“, изјави претседателот на ФЕД, Џером Пауел.
Според т.н. „dot plot“, односно табелaта која ги покажува очекувањата на банкарите во однос на нивото на каматните стапки во иднина, нивно намалување може да се очекува дури во 2024 година.