text size
И покрај тоа што стапката на инфлација во Соединетите Американски Држави се намалува, граѓаните не чувствуваат намалување на цените. Инфлацијата се изразува како стапка на промена, односно дека цените всушност растат со побавна стапка. Но за просечниот Aмериканец сите производи се поскапи отколку што беа порано и тоа нема да се промени додека не дојде до целосна дефлација.