УБС (UBS Group AG) додаде на серијата намалувања на растот за Кина со најпесимистичката прогноза меѓу големите банки, предвидувајќи дека економијата ќе се прошири за само 3,4 проценти оваа година бидејќи американските царини го задушуваат извозот.
Швајцарската банка, која претходно прогнозираше раст во 2025 година од четири проценти, ја задржа проценката за следната година на три проценти. Двете прогнози се најниски од сите проекции за економијата што ги состави „Блумберг“.
„Царинскиот шок носи невидени предизвици за извозот на Кина и ќе предизвика големо приспособување и во домашната економија“, напишаа во белешката во вторникот економистите на УБС, вклучително и Тао Ванг.
Прочитај повеќе

Кинески министер вели дека американските тарифи може да предизвикаат хуманитарна криза
Членките на СТО треба да се обединат за да се спротивстават на унилатерализмот, протекционизмот и практиките на малтретирање со отворена соработка и мултилатерализам, рече Ванг.
12.04.2025

Кина ги зголеми царините за САД на 125 отсто и најави дека ова е последен потег
Ова стана смешно, велат од кинеското Министерство за трговија
11.04.2025

Трамп гледа „проблеми во транзицијата“ со царините за Кина од 145 отсто
Зачудувачките царини на САД на втората по големина економија во светот предизвикаа трговска војна која ги вознемири глобалните финансиски пазари.
11.04.2025

Накратко од светот: Историски скок на Волстрит по паузата на Трамп
Трамп ги зголеми царините за Кина, но го одложи спроведувањето за десетици трговски партнери.
10.04.2025

Кинеските лидери на средба за стимулации по тарифниот шок на Трамп
Ад-хок состанокот треба да се фокусира на мерките за поддршка за домувањето, потрошувачката и технолошките иновации.
10.04.2025
„Голдман Сакс“ (Goldman Sachs Group Inc.) и „Ситигруп“ (Citigroup Inc.) се меѓу глобалните банки кои ја намалија својата перспектива за Кина во последните денови, при што повеќето економисти се сомневаат дека Пекинг може да ја постигне официјалната цел од околу пет проценти раст оваа година.
Под претпоставка дека сегашните зголемувања на царините ќе останат на сила, тие најверојатно ќе го намалат растот на бруто домашниот производ на Кина за повеќе од два процентни поени и покрај дополнителните стимулации што се очекуваат од Пекинг, според УБС.
Економистите признаа дека нивното мислење има „високи маргини на грешка“ поради „исклучително големата несигурност“ околу евентуалните царински стапки.
Извозот во САД се очекува да падне за две третини во наредните квартали, а вкупните испораки во странство може да се намалат за 10 проценти оваа година, додаваат тие.
„Сметаме дека некои од другите трговски партнери на Кина, исто така, може да ги зголемат тарифите за кинески стоки во наредните месеци, но веројатно само за одредени производи, а не во слични размери како американските царини“, велат аналитичарите на УБС.
Кинеската економија веројатно се одржа добро во првиот квартал пред да стапат на сила најголемите зголемувања на царините. Извозот бо долари минатиот месец далеку ги надмина прогнозите и се зголеми за 12,4 проценти во однос на претходната година, враќајќи го падот од 3 проценти во февруари.
Што вели Блумберг Економикс
„Со нагло ескалирање на трговската војна со САД, економијата ќе се соочи со посилни спротивставени ветрови. Очекуваме креаторите на политиката да ги забрзаат стимулациите“.
- Чанг Шу и Дејвид Ку.
Аналитичарите генерално очекуваат негативното влијание на давачките да стане очигледно во наредните месеци, откако претседателот Доналд Трамп ги зголеми вкупните тарифи што беа платени оваа година за повеќето кинески стоки на 145 проценти.
Обемот на карго со кој управуваат кинеските пристаништа веќе забавува во април. Тие го достигнаа својот врв во последната недела од март, што може да претставува врвна точка за кинеската трговија доколку спорот со САД ескалира.
Кинеската влада најверојатно ќе додаде фискален стимул во вредност до два процентни поени од БДП за да го зајакне растот, со фокус на проширување на домашната побарувачка и помагање на бизнисите и домаќинствата да го одбијат тарифниот шок, според УБС.
Се очекува дека Народната банка на Кина ќе ги намали стапките и ќе ги натера кредиторите да чуваат готовина во резерва почнувајќи од овој месец. Економистите очекуваат намалување на стапките од најмалку 30-40 базични поени.