Сите светла на Волстрит се вперени кон Џексон Хоул, годишниот собир на централните банкари, каде што претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, в петок ќе одржи говор што би можел да го одреди правецот на пазарите до крајот на годината. Влогот е огромен, а американската централна банка се соочува со речиси нерешлива загатка. Од една страна, податоците за инфлацијата покажуваат загрижувачки знаци на забрзување. Од друга страна, пазарот на трудот го губи здивот, ставајќи ги на тест двете главни задачи на Фед – обезбедување стабилност на цените и максимална вработеност.
Ќе ги исполни ли Пауел речиси едногласните очекувања на пазарот и ќе најави намалување на каматните стапки или ќе им приреди студен туш на инвеститорите?
Двете лица на американската економија: Инфлацијата расте, вработеноста опаѓа
Прочитај повеќе

Функционери на Фед сигнализираат намалување на каматите по слабите бројки за вработеноста
Според тројца функционери на Фед, слабеењето на пазарот на трудот може да доведе до намалување на каматните стапки уште есенва.
07.08.2025

Растот на обврзниците продолжува со очекувања за намалување на каматите од Фед
Инвеститорите очекуваат Фед во септември да ги намали каматите за 25 или повеќе базични поени, поттикнати од инфлациските и пазарните податоци.
14.08.2025

Фед пред одлука за каматните стапки: Дали е дојдено времето за пресвртница?
Од креаторите на политиките во голема мера се очекува да ги држат каматните стапки стабилни на овој петти последователен состанок.
30.07.2025

Глобалните пазари ослабуваат додека инвеститорите чекаат сигнал од Фед
Технолошката распродажба на Волстрит се прошири на Европа и Азија, додека инвеститорите со претпазливост ги чекаат сигналите од Џексон Хоул за идната насока на каматните стапки.
пред 4 часа

Волстрит ги предупредува инвеститорите да се подготват за пад на акциите
Сепак, и покрај краткорочните грижи, предупредувањата од Волстрит доаѓаат со голема биковска напомена: Во случај на пад, купувајте.
05.08.2025
Најновите економски податоци прикажуваат длабоко поделена слика за американската економија. За оптимистите, охрабрувачка беше веста дека индексот на потрошувачки цени (CPI) во јули остана непроменет на годишно ниво од 2,7 отсто. Тоа беше протолкувано како доказ дека царинската политика на претседателот Доналд Трамп има само скромно влијание врз цените, што му остава на Фед чист пат за намалување на каматните стапки на состанокот во септември.
„Фактот што PPI беше посилен од очекуваното, а CPI релативно умерен, сугерира дека компаниите засега голтаат најголем дел од трошоците од царините. Но наскоро би можеле да го сменат курсот и да почнат да ги пренесуваат тие трошоци врз потрошувачите“, изјави Кларк Геранен, главен пазарен стратег во „Калбеј инвестментс“ (CalBay Investments).
Од другата страна на равенката е пазарот на трудот, кој покажува јасни знаци на пукање. Во јули беа отворени само 73 илјади нови работни места, што е значително под очекувањата и ги поттикнува стравувањата од забавување на економскиот раст. Додека некои функционери на Фед, како што е Мишел Бауман, нагласуваат дека треба да се фокусира на ризиците за вработеноста, други, како Остен Гулсби од Чикашкиот разгранок на Федералните резерви, ја намалуваат важноста на слабите податоци, припишувајќи ги делумно на намалената имиграција.
Очекувања на Волстрит: Дајте ни пониски каматни стапки!
И покрај загрижувачките податоци за инфлацијата, финансиските пазари речиси целосно го вградија намалувањето на каматните стапки за една четвртина процентен поен во септември. Според алатката „Федвоч“ на групацијата СМЕ (CME), веројатноста за таков потег се движи над 80 отсто. Дејвид Меркл, главен американски економист во „Голдман Сакс“ (Goldman Sachs), смета дека слабите податоци за вработувањето веќе го убедиле раководството на Фед да продолжи со намалување на стапките.
Сепак, падот на акциите на големите технолошки компании што се случи во вторникот вечер сугерира дека кај инвеститорите се вовлекува нервоза. Се чини дека пазарот почнува да го преиспитува сопствениот оптимизам и да ја разгледува можноста дека бил премногу самоуверен во поглед на потезите на Федералните резерви. Економистите во „Брен кепитал маркетс“ (Brean Capital Markets), Џон Рајдинг и Конрад Деквадрос, предупредуваат дека Пауел би можел да го искористи својот говор за да го олади ентузијазмот на пазарот. „Пауел можеби нема да каже дека намалувањето е исклучено, но мора да каже нешто во стилот: ‘Во овој момент постојат непријатни податоци за инфлацијата, кои се во спротивност со постигнувањето на целта од два отсто и, врз основа на досегашните докази, не сум склон да поддржам намалување на стапката на следниот состанок’“, напишаа тие во својот коментар.
Три можни сценарија за говорот на Пауел во Џексон Хоул
Експертите гледаат три насоки во кои би можел да се движи говорот на Пауел. Првата е тој да ги потврди очекувањата на пазарите и да сигнализира скорашно намалување на каматните стапки, ставајќи акцент на ризиците за економскиот раст и пазарот на трудот. Тоа би било сценарио што Волстрит би го дочекал со олеснување. Второто, многу подраматично сценарио, би било построг пристап. Пауел би можел да ја искористи шансата за да потсети дека инфлацијата, вториот економски непријател на Федералните резерви, сè уште не е поразена. Потенцирањето на растечките цени на производителите и отпорната основна инфлација би било јасен сигнал дека намалувањето на каматните стапки не е на маса – што би предизвикало шок и веројатно би довело до распродажба на пазарите.
Третата и можеби најизгледна опција е Пауел да остане неодреден. Бидејќи клучните податоци за инфлацијата и вработувањето за август допрва треба да бидат објавени пред септемвриската седница, тој би можел да нагласи дека одлуката за каматните стапки ќе зависи исклучиво од претстојните податоци. Со тоа би добил време и би ги задржал сите опции отворени.
Во крајна линија, Џером Пауел и Федералните резерви се наоѓаат во исклучително деликатна ситуација. Секој нивни потег ќе биде под лупа, а просторот за грешка е минимален. Додека пазарот речиси едногласно очекува олеснување на монетарната политика и пониски каматни стапки, основните инфлаторни закани тлеат под површината. Петок ќе открие дали Федералните резерви ќе продолжат по патот што го очекува пазарот или ќе се решат за непријатно изненадување што би можело да ги разниша темелите на моменталниот оптимизам кај инвеститорите.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...