Сообраќајот можеби се намали кај продажните места за електрични возила по завршувањето на федералните стимулации за купување, но продажбата на половни електрични автомобили и камиони само се забрза. Речиси 89.000 половни електрични возила сменија сопственици во последните три месеци од 2025 година, што е зголемување од 13,5 проценти во однос на претходната година, според „Кокс Аутомотив“. Покрај тоа, залихите на половни електрични машини се обновуваат за околу 50 дена, малку побрзо отколку кај автомобилите на бензин. Спротивно на тоа, продажбата на нови електрични возила падна за 36 проценти во четвртиот квартал од минатата година.
„Зборот што најмногу се користи за годината е ‚пристапност‘ од навистина добра причина“, рече Лиз Најман, директорка за пазарни сознанија во „Рекурент“, која им обезбедува проценки за опсегот и други податоци фокусирани на електрични возила на продажните места и купувачите. „Можете да добиете две или тригодишно електрично возило за 50 проценти попуст и зборувате за нешто со многу технологија и гаранција на батеријата.“
Долго време пазарот на половни електрични возила во САД беше во стагнација. Немаше многу автомобили на продажба, а купувачите беа загрижени дека батериите кај постарите модели ќе исчезнат. Но, батериите за електрични возила се покажуваат како потрајни од очекуваното и во САД тие генерално се покриени со гаранција од најмалку осум години или 100.000 милји.
Прочитај повеќе
Германија ќе субвенционира до 6.000 евра за купување електричен автомобил
Државата ќе обезбедува субвенции до 2029 година во износ помеѓу 1.500 и 6.000 евра, во зависност од возилото и големината, како и од приходите на семејството.
16.01.2026
„Тесла“ ја затвори 2025 година со стрмен пад на продажбата во Европа
Американската компанија регистрираше продажба на само 1.942 автомобили минатиот месец во Франција, што е намалување од 66 отсто во однос на истиот месец претходната година.
02.01.2026
Кина освои рекорден удел на европскиот пазар на електрични возила
Кинеските производители на автомобили освоија рекордни 12,8 проценти од европскиот пазар на електрични возила во ноември.
31.12.2025
БМВ ја крева летвичката: iX3 ја враќа Европа на врвот на автомобилската индустрија
Европските брендови се прогласени за губитници во битката за тронот кај електричните автомобили. БМВ докажува дека тоа не е точно!
20.12.2025
„Форд“ откажа договор со ЛГ за батерии за електрични возила вреден 6,5 милијарди долари
„Форд мотор“ го откажа договорот за батерии со јужнокорејската компанија „ЛГ енерџи солушн“ откако американскиот производител на автомобили се повлече од своите амбиции за ЕВ.
17.12.2025
Најголем рикверц од зелената агенда: остануваат моторите со внатрешно согорување
Европската комисија денеска најверојатно ќе ја поништи одлуката со која се забранува продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување по 2035 година. На тој начин Европската комисија всушност попушта пред силниот притисок на Германија, Италија и другите земји производители на автомобили.
16.12.2025
Новите електрични возила сè уште се продаваат многу подобро од половните, но аналитичарите велат дека зрелиот пазар на половни возила ќе помогне да се поткрепи побарувачката за нови машини на батерии. Кога купуваат нов автомобил, повеќе од 90 проценти од сопствениците на електрични возила повторно избираат да се префрлат на електрични.
Зголемувањето на продажбата на половни електрични возила е по едноставна економија: конечно има многу од овие автомобили на продажба и по релативно ниски цени. Во 2023 и 2024 година, Американците купија 2,5 милиони електрични возила, од кои повеќето под лизинг. Овие возила сега за прв пат се појавуваат на пазарот на половни возила. А стапките на амортизација на електричните возила се високи, па оние што бараат поволна цена сè повеќе се одлучуваат за машини на батерии.
Иако просечната цена на половен електричен автомобил во САД е сè уште малку повисока од онаа на половен бензински автомобил, разликата се намалува. Речиси 40 проценти од половните електрични возила во последниот квартал се продадоа за помалку од 25.000 долари. И од 15-те модели чии препродажни вредности најмногу пораснаа во текот на три години, повеќе од половина се електрични возила, според „Кареџ“ (CarEdge.com), платформа управувана од вештачка интелигенција која им помага на купувачите на автомобили да преговараат со дилерите.
„Половните електрични возила се одговор на кризата со прифатливост во Америка“, рече аналитичарот на „Кареџ“, Џастин Фишер. „Можете да добиете навистина добра зделка за нешто помалку од 20.000 долари.“
Замислете го „нисан лиф“ (Nissan Leaf), кој патува околу 150 милји со едно полнење и може да напојува куќа во случај на прекин на електричната енергија. Во последните три години, тоа возило изгуби речиси 70 проценти од својата вредност и неодамна се продаваше за околу 12.000 долари. „Нисан верса“ (Nissan Versa), споредлив модел на бензински мотор, задржа повеќе од 70 проценти од својата оригинална цена во истиот период, продавајќи се за приближно 14.000 долари.
Иако половните електрични возила може да бидат малку поскапи од опциите на бензин, тие имаат тенденција да бидат понови возила и во подобра состојба. „Рикурент“(Recurrent) откри дека кога се споредуваат со каталошката цена, електричните опции се, во просек, една година понови и имаат 30.000 милји помалку од автомобилите и камионите со внатрешно согорување.
Исто така, постојат докази дека електричните возила - без радијатори, свеќички или масло - со текот на времето може да се покажат како посигурни од машините на бензин. Јануарската студија од Универзитетот во Мичиген покажа дека вкупните трошоци за поседување на половен електричен автомобил се драстично пониски од оние на кој било друг вид автомобил, главно поради релативно ниските сметки за гориво и одржување.
„Тоа е навистина приказната за вредноста“, рече Стефани Валдез Стрит, директорка за индустриски увиди во „Кокс“. „Речиси имате паритет на цените, а потоа трошоците за управување со ова возило ќе бидат помали.“
Таа рече дека темпото веројатно ќе продолжи бидејќи ловците на зделки се на пат да се обидат со неодамнешните електрични возила што излегуваат од лизинг за прв пат, вклучувајќи ги БМВ17 (BMW i7), „кадилак лирик“ (Cadillac Lyric) и „тесла сајбертрак“ (Tesla Cybertruck), сите кои дебитираа пред три години.