text size
Субвенциите значително влијаат на финансиските резултати на земјоделските компании во регионот, особено во Хрватска и во Словенија. Во 2022 година најголем износ на добиени субвенции забележале компаниите „Беље плус“ и „Жито“ од Хрватска, двете компании од 14 милиони евра. Кога ќе споредиме со компаниите од Словенија, со оглед на разликата во големината на компаниите и обемот на активности, разликата во субвенциите не нè изненади. Меѓутоа, во споредба со компании со слична големина од Србија, како што се „Делта аграр“, „МК група“ или „Алмекс“, гледаме дека субвенциите во Хрватска се многукратно повисоки, дури седум-осум пати, во споредба со Србија.