text size
Македонија не произведува, ама увезува на тони. Инсектициди, фунгициди, хербициди и сите во групата пестициди транзитираат низ територијата на земјава. Според податоците, вредноста на пестицидите што биле увезени во земјава од почетокот на годината е над 530 милиони денари. Најголемо количество е увозот на хербициди (хемиски соединенија, препарати што служат за уништување на плевелните растенија), па следуваат фунгициди (пестициди што се користат за убивање паразитски габи). Најмалку се увезени инсектициди или само 1.148 килограми, во вредност од три милиони денари.