Хрватските власти откриле опасна хемикалија во црвени пиперки увезени од Македонија. Пиперките слободно влегле во земјата и биле пуштени во продажба. Но по проверката на примероците, тие се повлечени од пазарот.
Контролата покажала дека во пиперките имало виски нивоа на забранетиот пестицид метомил, кој е многу токсичен за луѓето и е забранет во Европската Унија. Во високи дози, метомилот може да ги оштети црниот дроб и бубрезите, а во македонските пиперки се пронајдени 0,049 милиграми метомил на килограм, што е пет пати повеќе од дозволената граница.
Агенцијата за храна во Македонија, пак, открила дваесет и четири килограми небезбедна храна во три детски градинки. Храната е уништена затоа што била несоодветно чувана. Уништени се 59 килограми храна во едно училиште. За директорите се изречени парични казни.
Прочитај повеќе

Упорна инфлација во регионот Адрија: Цените на храната главен виновник
Цените не попуштаат: храната ја држи инфлацијата „залепена“. Србија со највисока, Словенија со најниска инфлација во регионот...
10.09.2025

„Марс“ тивко најави дека доаѓаат природно обоени бонбони „M&M“ и „скитлс“
Портпаролот на Управата за храна и лекови на САД го поздрави „Марс“ за неговата акција во врска со синтетичките бои и го нарече потегот „победа за родителите, потрошувачите и јавното здравје“.
14.08.2025

Сè повеќе домаќинства се вртат кон замрзнатата храна, промената не е случајна
Речиси половина од потрошувачите редовно купуваат замрзната храна за да го намалат отпадот од храна.
28.07.2025

Речиси 70 проценти од семејниот буџет трошиме за храна, облека и домување
Лани се бележи раст на трошоците за храна, безалкохолни пијалоци и облека и обувки во однос на претходната година.
09.07.2025

Дваесет и пет години подоцна: Купувај македонско – но што?
Владата ќе ја враќа кампањата за купување домашни производи.
02.07.2025
„Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територија на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта. За утврдени недоследности, издадени се девет решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните“, се наведува во соопштението од АХВ.
Расте свеста за безбедноста на храната
Овие две вести беа меѓу главните вчера и го отвораат прашањето за тоа колку сме свесни за безбедноста на тоа што го јадеме. Последната анкета на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) покажува дека свесноста расте. Анкетата се спроведува на секои три години во 27 земји членки на Европската Унија и седум земји кандидатки за членство, меѓу кои и Македонија.
Анкетата за 2025 година беше спроведена во периодот од 26 март до 22 април 2025 година. Вкупно 26.370 испитаници од различни социјални и демографски групи беа интервјуирани лице в лице. Во земјите кандидатки анкетата е спроведена од 26 март до 10 мај, а биле интервјуирани 5.655 лица од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија, Србија и Турција.
„Новите податоци за свесноста на граѓаните за безбедноста на храната во ЕУ се исклучително охрабрувачки за Европската агенција за безбедност на храната и за нашите многубројни партнери низ Европа. Ќе продолжиме да ги здружуваме силите со Европската комисија и нашите национални партнери за да комуницираме со граѓаните за тоа како системот за безбедност на храната им користи“, изјави извршниот директор на ЕФСА, Николаус Криз.
Македонците се позагрижени за безбедноста на храната од Европејците
Споредбата на резултатите од анкетата покажува дека граѓаните на Македонија водат повеќе сметка за тоа колку е безбедна храната што ја купуваат од европските граѓани. За две третини од Македонците прва грижа е безбедноста, а втора е цената.
Кај Европејците најважен фактор при изборот на храна е цената, следува вкусот, па безбедноста.
Анкетата покажува дека во споредба со 2022 година, релевантноста на цената при изборот на храна се зголемила за 6 процентни поени и била најважен фактор кај 20 земји членки на ЕУ, што укажува на тековните финансиски притисоци со кои се соочуваат многу луѓе во Европа за да врзат крај со крај.
Дали ја земаме безбедноста на храната здраво за готово?
Македонците помалку веруваат дека тоа што го купуваат е добро, но во однос на европските граѓани сметаат дека повеќе знаат за безбедноста на храната.
„Позитивно е што толку многу луѓе во ЕУ имаат доверба во безбедноста на храната. Во исто време, ние и нашите партнери мора постојано да нагласуваме дека безбедноста на храната е заедничка одговорност. Потрошувачите имаат важна улога, на пример, во однос на хигиената на храната, нејзиното приготвување и следењето здрави и разновидни диети“, изјави Барбара Галани, раководителка на Одделот за комуникации и партнерства во ЕФСА.
Македонците најмногу се плашат од труења со храна, не се грижат за благосостојбата на животните
Над 40 отсто од македонските испитаници рекле дека најмногу се плашат од труењата со храна, следни на листата се пестицидите, адитивите и ГМО. Европејците, пак, најзагрижени се за пестицидите, а водат сметка и за тоа храната што ја купуваат да доаѓа од фарми во кои животните се добро згрижени и кои не загадуваат. Овие две нешта не се високо на дневниот ред на македонските купувачи.
Слаба доверба во земјоделците
Девет од десет граѓани на ЕУ (90 отсто) им веруваат на матичните лекари и специјалистите кога станува збор за ризиците од храна. Во Македонија довербата во нив изнесува 80 отсто. Над четвртина од Македонците не им веруваат на земјоделските производители, а во ЕУ довербата во нив е уште пониска (16 отсто).
За безбедноста на храната Македонците најмногу се информираат од телевизија (65 отсто), а потоа од роднини, пријатели, колеги. Во однос на 2022 година најголем раст има кај информирањето од социјалните мрежи, за 13 процентни поени, што е многу повеќе од просекот на Европската Унија.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...