Два дена по состанокот на претставници од „Марс“ (Mars Inc.) со комесарот на Управата за храна и лекови, Марти Макари, приватната компанија за храна објави соопштение во кое се наведува дека следната година ќе понуди опции со природна боја за четири од своите најпознати бонбони, вклучувајќи ги „М&М“ и „скитлс“ (Skittles).
Објавата од 24 јули на интернет-страницата на „Марс вригли“ (Mars Wrigley) главно помина незабележано во време кога производителите на бонбони се сметаат за најотпорни на напорите од администрацијата на Трамп да ги натера компаниите доброволно да ги отстранат синтетичките бои од нивната храна.
Овој потег на компанијата „Марс“ претставува чекор кон смирување на министерот за здравство и социјални услуги Роберт Ф. Кенеди Џуниор, кој ги постави вештачките бои како негова главна цел. Потрошувачите инсистираа на поприродни опции, а некои држави донесоа нови ограничувања, вклучувајќи ја и Западна Вирџинија, кои ќе ја забранат продажбата на храна со синтетички бои почнувајќи од 2028 година.
Прочитај повеќе

Уште една слаба жетва на какао во Западна Африка ќе ги одржи цените високи
Голем дел од Западна Африка, дом на најголемите светски производители на какао, се соочува со уште една разочарувачка жетва.
04.08.2025

Жешки цени на суровото какао во светот, чоколадите во Македонија – замрзнати
Цената на какаото е многу нестабилна, со дневни промени и до пет отсто.
15.04.2025

Скапото какао ги доведува најстарите европски производители на чоколадо до банкрот
Во услови на долгогодишни високи цени на какаото, повеќе познати европски производители на чоколадо се на работ на егзистенција.
28.02.2025

Рекордни цени на какаото: Што го иритира чоколадното зрно?
Според „ЏП Морган Чејс“ (JPMorgan Chase), зголемувањето на цените на чоколадото ќе ја намали побарувачката за ова слатко задоволство оваа година.
18.02.2025

За да ги намали трошоците, „Нестле“ ќе става повеќе бисквити наместо какао во производите
За да го зголеми историски ниското ниво на продажба, „Нестле“ ќе ги поскапи производите, но и ќе штеди на какао, а ќе става повеќе наполитанки и бисквити во нив.
13.02.2025

Колку всушност е преценето чоколадото по кое многумина полудеа?
Минатата сезона беше со рекордна берба на ф'стаци
09.12.2024

Недостигот од лешници го тресе пазарот, „Нутела“ може скапо да нè чини
Меѓународниот совет за јаткасти плодови и сушено овошје вели дека промените во турската понуда и цените се одразуваат на целиот пазар.
06.07.2025
Меѓутоа, „Марс“ не ги отстрани вештачките бои од сите свои брендови, велејќи дека сепак продолжува да работи во таа насока.
„Кога ќе идентификуваме целосно ефикасни скалабилни решенија низ целото портфолио, ќе споделиме дополнителни обврски и временски рокови за производите“, се наведува во соопштението на компанијата.
Портпаролот на Управата за храна и лекови го поздрави „Марс“ за неговата акција во врска со синтетичките бои и го нарече потегот „победа за родителите, потрошувачите и јавното здравје“.
Други прехранбени компании дадоа пошироки изјави ветувајќи дека ќе ги отстранат синтетичките бои од голем дел од нивните производи, нудејќи некој просечен рок до крајот на 2027 година.
Претставниците на „Марс“ се сретнаа со Макари на 22 јули, според неговиот јавен календар.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...