text size
Моделот по кој трговските синџири денес управуваат со недвижен имот и начинот на кој тие инвестираат во нивната малопродажна мрежа е значително променет во споредба со периодот пред десет години. Претходно, со проширувањето на продажната мрежа, основна стратегија на трговците беше интензивно купување недвижен имот, кој често се финансираше со банкарски заеми, што дополнително влијаеше на значителното задолжување на компаниите. „Агрокор груп“ (денес „Фортенова груп“, сопственик на „Конзум“ и „Меркатор“) е најдобар пример за тоа во регионот.